мој (прид.) - омилен (прид.)

Грета: Ох, г-дин Краста! (Станува и си ги подига гаќичките) Краста: Види, види, што нашиот хипно-вундеркинд прави со мојата омилена супа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се појавува еден средовечен човек облечен во црно со тенки мустаќи и крастички околу усните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нема ден на мојата омилена Самсунг металик кутија, штракајќи со даљинското и уништувајќи му ги батериите за 4 дена, да не забележам некој од нашите врвни звездочатци, гаталци и бајачи кои многу успешно знаат да ви ја проречат вашата иднина и судбина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во писмото имаше и една фотографија на Фаерабенд, облечен во престилка и искезен, наведнат над мијалник полн со чинии.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Гроф Нула, малку спомнувам што се случува во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Шизматрикс е највизионерскиот научно-фантастичен роман во последните дваесет години. човештвото се развива, мутира низ различни форми многу брзо, користејќи генетски инженеринг и биохемија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој е навистина заебан. Кога излезе прв пат и кога се објавија рецензиите, тој ми рече, „Има толку многу потресни делови, луѓето се плашат да ги задржат главите на нив.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден од ликовите има девојка што живее во понтонски град, гранка на Редондо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Во која скоро прочитана книга најмногу уживаше? ВГ: Брус Стерлинг е мој омилен писател на научна фантастика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова е на некој начин моја омилена идеја, дека светот може да се расцепка на помали... ТЛ: Мене исто така, момче. ВГ: Сепаратизмот на западниот Брег и слични работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, тоа е суштината на неговото дело: “Колку што ми се допаѓа идејата да бидам новински стрип цртач кој има дневен стрип што се појавува и се развива и има широка публика, и оди понатаму и сите го сакаат - и многумина од моите омилени цртачи го прават токму тоа - јас не сум создаден за тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ВЦ-то беше мој омилен простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку и бавно да чекореше желката јас до Маргарета на крајот сепак би стигнал, но затоа пак Освалд, мојот омилен полжав, ДОЛГ ОД не ми остава ни најмала надеж.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги добивав многу просто, со мрдање на малиот прст од левата рака.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лежам во креветот и ја гледам обвивката на мојата омилена плоча, „Sgt. Pepper`s Lonely Hearts Club Band“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ставив слушалки на уши, си ја пуштив мојата омилена касета и запловив во розови мечти за голема, сјајна иднина во Холивуд.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дефинитивно! – беше решителен. – Мамо, дали мене ми мириса, или само ми се чини дека ми го имаш направено мојот омилен „норвешки меден колач”, оној во кој додаваш и индиски мирудии, па испаѓа норвешко-индиска комбинација?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Се разбира – срипа радосно таа и се упати кон кујната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЛЕТАЈ, БРЕЗА, ЛЕТАЈ!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев задоволна, после сѐ јас пак во центарот, во мојот омилен град, а пред мене река луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја пуштав мојата омилена нумера од Бијонсе „Irreplaceball“. Некако ми даваше сила таа песна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше утро. Топло, јунско. Спиев во моите омилени розови пижамчиња.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Облеков длабоки и топли чизми, влегов во мојата омилена зимска дебела јакна полнета со пердуви и излегов надвор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За среќа, имаше таква Продавница во мојот омилен град Охрид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Веднаш се ставив во мојата омилена улога да бидам нечиј психолог, па овој човек сега ми стана поле за истражување кое со години го барав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во еден момент ми текна дека ги заборавив моите омилени домашни, бели гумени влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во еден момент DJ-от во кафулето ја пушти мојата омилена песна од Владо Георгиев „Сви би да те имају“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)