мој (прид.) - паметен (прид.)

Ме прегрна цврсто и долго, долго ме галеше и ме бакнуваше насекаде, по лицето, по очите, по косата, по вратот, по рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе ми бидеш книга, мој паметен Августо, во златното жито што со срп ќе го жнеат селаните во бели долги облеки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Малечко мое девојче, девојко моја паметна, тревко моја, срничке, сонце, ѕвездо моја, најмила моја... – почна мајка ми да ми ги реди сите милни имиња со кои ми се обраќа кога е особено разнежена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)