мој (прид.) - постар (прид.)

Доживувањата на тетовскиот плоштад на гласно изговорените стихови на Рационовата „Балада за непознатиот’, говорењето тажно, тревожно и потресно на еден од моите постари соученици, тоа доживување ме исполнува и следи до денес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Израснав со стриповите на мојот постар брат Марк.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
IV. Мојот постар пријател, доктор – хирург по професија, кон впечатоците се однесува како кон клиничките случаи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Мојата прва тешка физичка работа ми ги загреваше дланките но копав и го следев движењето на мојот постар другар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш Рашела го фати намигањето на моите постари браќа, што мајка ми, и самата во тој миг влегувајќи во кујната остро го пресече, подавајќи ѝ го на Рашела лонецот за млеко, и растерувајќи ги нив по нивните соби, испраќајќи ги со викање дека по цел ден се излежуваат и дека дома ништо не помагаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе му влезеше униформиран човек, се збунуваше, делум и зашто не го знаеше бугарскиот јазик, така што опслужувањето го преземаше мојот постар брат кој поради сето тоа, го напушти школувањето и се предаде на работата на дуќанот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некаде во времето кога лицето на татко ми стануваше сѐ позагрижено додека го слушаше радиото што тие години го беше купил на голема радост на моите постари браќа, Рашела се вљуби.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Нова Година Прва е мојата постара сестра што не сум ја видела.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сакав да му подарам нешто, а ништо немав, и помислив да го откорнам џепчето од црвеното фустанче кое пред мене го носеа моите постари сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Многу ми е тешко што си заминуваш,“ реков, и почнав да го кинам џепчето од фустанчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секое повнимателно следење на постапките на мојот постар брат го наметнуваше заклучокот дека станува збор за личност длабоко проникната од еден вид неконтролирано перчење, или, да бидам по малку и злочест: перчењето е неразделен дел од неговото неодговорно его.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Навистина, колку е среќен мојот постар брат?“, прашав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Само да слушневте со каков занес овој збор го изговори мојот постар брат!)
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Вујче? - Виктор ме погледна изненаден. - Ах, Вујкото! - (Со каква леснотија мојот постар брат одбива да се сети за кого зборувам!).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Речиси сум сигурен дека ако не бев овде Бојка ќе му беше веќе во утробата на мојот постар брат. На Бојка, изгледа, помалку ѝ пречам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа внимателно следеше како мојот постар брат го фрла на рамињата сакото; како сосема непотребно прави уште еден круг околу големата маса во салонот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Зини да ти кажам! - грдо ме исмеваше мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)