мој (прид.) - реален (прид.)

Ја слушам мама нешто ми зборува и тоа ме враќа во мојот реален живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во црвено вино и носталгичните стари песни, барам утеха и во празните зборови кои никогаш нема да му дадат смисла на моето реално постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И јас да летнам некаде далеку - колку да поминат овие небидници што ми се струполиле, колку да се заборават сите афери - па да се вратам - а мама и тато пак да имаат доверба во мене...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А животот е постоење за некого, некого кого ќе го створиме, извајаме, ќе му дадеме живот, парче душа и топла и сигурна рака која ќе го води низ тунелите на истиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)