мој (прид.) - сакан (прид.)

„Ова се моите сакани баба Мирјана и дедо Владимир од Кочани“, гордо рече Влатко, а девојчињата и момчињата се поздравуваа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На перонот останаа тие мои најасакани суштества на светот, а нивните раце правеа движења како птици во лет и стануваа сѐ подалечни и едвај видливи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
-Сите нас нѐ испревари на тој пат до херојството твојот син а мојот сакан и незаменлив другар и соборец Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа отпива од виното. Потоа го погледнува својот љубен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)