мој (прид.) - црн (прид.)

На мојата плотност, на мојата црна наметка и црните чизми чии чекори пробивно одекнуваат врз студениот под на храмот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Третиот ден од престојот осаменоста растеше сè повеќе, за што дополнително придонесе мојот црн убавец.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Елате мои црни мажишта сите векови и сите колена Елате да се збереме да се видиме
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Гуштероглавиот се сладеше со мојот црн дроб.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знаев дека тоа со црната панделка на Марина и мојата црна престилка е само надворешна работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Му раскажав за повеќе случувања во кои јас лично се обидував да изигрувам херој или трагач по вистини, и дека, за мое големо разочарување, животот ги користеше таквите мои недоволно обмислени потфати само за да ме исмее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, од сите овие мои објаснувања мислам дека можеш да заклучиш дека ниту со совет а уште помалку со упатство сум ги поттикнувал кај него намерите што можеле да го турнат во некоја неразумна потрага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во разговорот допуштив да продефилираат и случаите од моите црни искуства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А напати и ме казнуваше”, додадов. „Грдо ме казнуваше”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Моето црно семе го крстивме Пелагија, како мене!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)