мравји (прид.) - колонија (имн.)

За да ја илустрираат биологијата на човечкиот јазик, тие го примениле примерот на Trophalaxis, (трофалаксис), механизам на комуникација меѓу инсектите кои живеат во групи: Постои постојан проток на секрети меѓу членовите на една мравја колонија преку размената на стомачната содржина при секоја нивна средба...што резултира во дистрибуција, низ целата популација, на извесен број на супстанци (меѓу нив и хормони) одговорни за диференцијацијата и спецификацијата на улогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)