мрачен (прид.) - мрак (имн.)

Ми се пристори како сенким од мрачен мрак одеднаш да сум излегол на некоја голема виделина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знае само дека по тој миг или таа вечност пред него пукна бескраен тунел, набиен со мрачен мрак низ кој заморно и со напор се пробиваше неговиот поглед додека најпосле, низ бескрајната далечина, не здогледа на другиот крај на тунелот блесок на бела светлина кон која стрмоглаво полета.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)