мртов (прид.) - лист (имн.)

Можеби сè може да се натрупа во една торба како што тоа одамна со земјата го стори Марко Крале Ги насобра заедно мирисните полиња со многу заборавени гласови; Дивите планини со мртвите векови под нив; Морињата, исплашените острови и рамнодушните риби; И тебе малечка изморена мравко под страшниот товар стопати потежок од тебе; И тебе реко од мојот сон што подмолно ми приоѓаш пред да ме завлечеш во матните; И тебе ништожно дрво на ридот што не се ни наведна да си ги собереш мртвите лисја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
12. Мртвата песна лежи врз мртвото лисје од лани ранетата нејзина земја и мртвиот аргатин сами Најблиски еден до друг Сал таа немо ја слуша немата исповед на немирната негова душа Лежат неподвижни и неми Молчат и тој и таа во прегратка гушнати вечна под ѕвездите што чмаат Црна е оваа ноќ и црн е веќе светот што ги сврза во едно паѓањето и летот Во корењето истечува земни надојдената негова песна поетот дури се дели од крвта своја пресна Самотнику ноќва е твоја и земјата е најмногу твоја и муграта што огрева веќе од несоницата своја
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)