мртов (прид.) - птица (имн.)

До половина излезен од касата, обесвестениот лежеше со потпрена глава на својата рака. Како мртва птица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Проклетство! Пак лежеше овде и тишина висеше над него како крило на мртва птица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Отруен бик, мртва птица, а ти раскажувај како си живеела по бегството. Како си патела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А ножот што го гледаше во таа треска беше забуцан во спокојството на лененото небо; во светкавиот млаз на челикот лежеше сенка на мртва птица и се грчеше се под неа жедно за виножитната крв на небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Крв!“ Виде зад неа извезени лебеди во гоблен и се сети на мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И носам на челото сенка на мртва птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да признаам: мислев на цвеќето во кристалната ваза, на нејзините солзи по мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како што спомена во една ноќ мртва птица и китка гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби сум носел мртви птици и мртви акорди.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ни мртвата птица, чија сенка мавта со крилја зад моето чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше ист како што се знаеше - сив, небричен, со сенка на мртва птица врз челото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш навистина ли ќе ги заборавеше мртвите птици?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие се крилја на мртва птица и со нив е умрена и нивната желба за лет, за милување. Ослушнував.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се завиткуваат во перја на мртви птици, во мртви латици од гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе молчиме и ќе ја гледаме нашата мртва птица изгубена на модрото небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но кога тоа треба да се каже, ти си нем, и ти веќе не си ти: немаш нозе смрзнати во листовите, немаш 'рбет за женска постела, немаш чело, гнездо за сенка на мртва птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некоја мртва птица како да оживи во детските гради, се стопи мразот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)