мртов (прид.) - ладен (прид.)

Хорацио, според моето убедување, беше премногу, односно мртов ладен, во однос на алармантната психичко-здравствена ситуација во која бев паднал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лилјакот, змијулчето. – А животните од ЗОО? – продолжува тој, мртов ладен, како да не ја забележува нејзината итрина: - Кое ти се допаѓа најмногу?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беа мртви ладни во хотелската соба во Лос Ангелес. Рекоа дека мораат да размислат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Продавачот се збуни, пукна во купувачот, но тој мртов ладен ги облече чизмите и ја напушти продавницата. okno.mk | Margina #1 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во една полициска станица за да му дојде поарно, мртов ладен си побара кафе и рахат локум из Солуна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој, мртов ладен, ги одби нејзините изјави. Бил многу повреден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Прво облечи се а потоа поставувај услови“ ѝ велам, ама мртов ладен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А јас решив ете, со отворени карти!“ ми одвраќа таа, го потсилува пламенот на газјената ламба и бесрамно ги шири рацете и и се покажува на месечината но и на оние петшестмината сладокусци под прозорецот. (Оние, потписницине на нејзинта пријава).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не сум сигурен што дивеч бркате - реков додека се поткревав на лактовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неколку моменти останав во креветот мртов ладен, се правев и зачуден, а потоа се обидов да си поиграм недоветен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но командирот е мртов ладен, куклено мирен, како егземплар во излог - го ислушува без коментар, го отпушта без сочувство и се враќа на својот недојаден и веќе оладен бурек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)