мртовечки (прид.) - живот (имн.)

И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мртовецот не стигна ни да се присобере, самоубиецот веќе беше скокнал врз него; старецот се сепна и одеднаш осети дека остар, огромен нож му влегува во градите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тука - среде целосната тишина во својата душа - мртовецот одеднаш почувствува ужасен страв за својот мртовечки живот; дури почувствува удар на своето умрено срце.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се покажа дека Вадим не само што се сепна туку и во брзината го дофати татка си за грло, и тоа беше снажен машки стисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)