музички (прид.) - инструмент (имн.)

Аналогијата резонира со иронија: убиството на претседателот како еден вид американска трагедија што го прослави Ворхол; Џеки Кенеди во жалост како една од Ворхоловите трајни теми; (речиси фаталниот) атентат извршен врз самиот уметник неколку години подоцна, само еден ден пред да го убијат Роберт Кенеди; веројатноста дека после Кенеди, Ворхол е првата личност во историјата на Америка со која се поистовету­ваа толку голем број на луѓе по шеесетите години; сфаќањето дека Ворхоловата уметност, исто како и убиството на Кенеди, не е толку едноставна како што изгледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од книгата ANDY WARHOL - Carter Ratcliff, 1983. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 149 Алан Шварцман Музејот на Енди Ворхол Можеби поради моето не-чувство за архитектура, зградата на Фрик и Линдсеј (позната и како Волквејн компанија за музика и музички инструменти) на прв поглед ме потсетува на магацинот за книги во Далас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи не постои начин на ова прашање да одговориме директно, сѐ што преостанува е да го собереме она што лежи во самите дела на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И називите на неколку музички инструменти се од персиско потекло, како: зурла, саз, тамбура, ќемане.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Упорно вежбаше со денови и кога една од жиците пукна, демонстративно побара „сериозен музички инструмент“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќето од пронаоѓачите на електричните музички инструменти се обидоа да ги “копираат” инструментите од 18 и 19 век, како што и првите дизајнери на автомобилот ја копираа кочијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние сакаме да ги фатиме и да ги контролираме тие звуци, да ги употребиме не како звучни ефекти, туку како музички инструменти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Посебно внимание посветив на големата маса за пишување, до која тој седеше, и врз која лежеа расфрлани најразлични писма и секакви хартии, заедно со уште еден-два музички инструменти и неколку книги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)