надворешен (прид.) - порта (имн.)

Ги назначи уште зборовите: дирек, греда (од турски direk); тараба, ограда од штици (турски taraba); капија, голема, двокрилна, надворешна порта (од турски kapi); капиџик, капиџиче, малечка врата помеѓу комшиските дворови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На надворешната порта се слушна ѕвонот од ударот на металното раче врз прикованиот метален круг. Ѕвонот се повтори три-четири пати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ми, утрото, како обично, прва ја отвори надворешната порта. Сонцето го мина прагот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој збор Камилски го поттцрта со црвен молив, издвојувајќи го за поопстојно разгледување со Татко, како и израз кој сведочеше, според него, за еден од значајните аспекти на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Појде кон надворешната порта, отворена кон улицата, кон реката, кон големите тополи, кон Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А сега... Откако ги испрати двајцата постари браќа кон Калето, беше нивни ред да носат храна, не мина ни половина час, три пати се чу ударот на металната рака врз металното топче на надворешната порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лево од надворешната порта голем издолбен камен за толчење кафе, сланаток и други зрнени полјоделски производи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)