накитен (прид.) - со (предл.)

А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беа накитени со мобилни апарати, необични парчиња облека, петарди, а со себе носеа и кучиња, па некако се задскриваа зад сета оваа содржина, својствено на модерното време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таква беше и една пудлица која одамна престојуваше во Пансионот и која беше накитена со украси: на ушите обетки, а на вратот огрлица како девојка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Над чардакот обесен бајрак накитен со шамии и цвеќиња, а на врвот наврено јаболко.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во гробот имало костур на некаква средовечна жена, колку без меса, уште помалку без душа, ама сета накитена со гердани, прстења и скапи белезици.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проклет да бидам, сите луѓе се накитени со благородни побуди, о, ќе умреме од слични нешта! Слепи, без да се видиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓу изналегнатите патници стои софра накитена со разни печеници, баници, сокови, колачи, разни овошја, а меѓу сето тоа и еден “замок“ од торта на четири ката.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На ѕидовите, полуосветлени – уметнички слики. Само шанкот – накитен со најразновидни шишиња со странски налепници – го бие појарка светлина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)