накривен (прид.) - глава (имн.)

Трча по рововите, копа со шепите, ги гледа со накривена глава и со прашалнички израз во очите н кога никој не му прозборува, налутено лае. Внесува смеа, ги расположува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Надвор во густата безживотна бара лежеше ничкосан на една страна коњот и самиот безживотен: здрвени нозе, забуцана муцка в кал, а на црвеното чело чавка со кокетно накривена глава се бара во огледалото на лилавата зеница.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виде него, тој некој од станарите, адвентистот, свиткан пред прагот, со накривена глава и со танко конче светлост од љубопитното око; ги крстоса рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Влечејќи ги нозете по нерамната калдрма Петар тивко ги поздравуваше и со накривена глава го слушаше нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црнецот лежеше зад задните тркала на зелениот автомобил; беше протегнат на грб, со накривена глава и отворена уста, со недоречен крик меѓу забите; левата рака му беше скриена под скоро моминската половина, десната, како да сакал да се вати за нешто, имаше згрчени прсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)