намуртен (прид.) - лице (имн.)

Секогаш кога двете групи во јамата ќе легнеа премалени, некој од момчаците робови ќе запееше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А тогаш намуртеното лице ненадејно се рашири во нешто што можеше да биде почеток на насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малата вештерка лета околу ламбата и фрла сенки по намуртеното лице на татка ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шарлаган- кан заспиваше насмевнат и се будеше со намуртено лице, лут и стемнет.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А дома, намуртеното лице на жена ми ги најавува новите сметки за струја и парно, и старите незадоволства поради брачната тескоба, додека високиот писок на децата ја дополнува нејзината безозборна тажачка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)