напнат (прид.) - ситуација (имн.)

Според Зефиќ овој нивни „аргумент“ е класична манипулација и невистина, а на сите вработени во оваа установа им е јасно дека таму отсекогаш како референти работеа луѓе со средно образование, затоа што се работи за чиста техничко- административна работа (per analogia, тоа би било како докторка да биде преместена да работи како медицинска сестра!?).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сложеноста на урбаната структура и овој несреќен полу-граѓанин создаваат сложени заплети, напнати ситуации, разновидни тешкотии што сосема ја изобличуваат вистината на животот во градот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Гемиџиите сакале нивната акција да трае по можност што подолго, за да се држат и Турција и Европа што подолго во напната ситуација и што подолго да се пишува и зборува за Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во ваквата затегната и прилично напната ситуација којашто настана, практично не беа возможни никакви преговори со новопоставената директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)