направен (прид.) - со (предл.)

Ете приближно какво може да биде најглавното работење на македонската интелигенција за да се поправат сите грешки направени со последното востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот го следеше и подготвувањето на сирупот од шербет (варена вода, со сок од портокали и шеќер), со кој ја прелеваше испечената баклава со половината од сирупот, а потоа и со другата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На врвот: карпести ѕидини , тврдина поставена на голема височина, во која сѐ има свое значење: Секој карпест стол или престол е направен со посебна цел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ставаше во голема каца зелка, зелка што алтан не ѝ беше рамен, а во земјени ќупчиња и разни туршии и речели, направени со тикви, шира, дуњи и мушмули, а од свинското што не смееше да се продава по касапниците, зашто и касапите беа само Турци, Тодора нареди да се направат пастрма и суџуци, та кога скришум ги направија со неговите три жени, скришум и ги пренесоа есента со товарни добичиња од селото в град.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така „комуникацијата пратена со порака е заменета за комуникација направена со порака“, што ја прави „естетиката на неавторитарно и неодлучувачко значење“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин креативноста престанува да се лоцира во чинот на продукцијата, а „употребата“ престанува да биде (не)препознавање на естетските намери.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)