настојчив (прид.) - поглед (имн.)

Како фотографијата со скромниот, настојчив поглед на тетка Рашела.  „Добро - го прашав неодамна татко ми - ќе ми кажеш ли нешто за неа?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со своите тажни очи на кои тогаш првпат го забележав настојчивиот поглед, ја фиксираше мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Морам да одам”, рече таа, и ни се насмевна со својот тажен, настојчив поглед, кој потсетуваше на погледот на татко ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)