научен (прид.) - дело (имн.)

Климент Камилски го следеше Андре Мазон на неговиот пат по учеството на балканскиот фронт на француската Источна армија, кога во 1918 и почетокот на 1919 година во Русија во времето на пролетерската револуција беше најден во мисија да го набљудува и проучува рускиот јазик во новите услови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
124. Охриѓанецот Маргарит Димица (1824-1903) е еден од истакнатите приврзаници на грчката националистичка пропаганда во Македонија, а во своето научно дело, како универзитетски професор во Атина, се определува исто така само за старата македонска историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите кои веруваат дека ќе бидат бесмртни преку она што го создале – сеедно дали се тоа децата што ги изродиле и кои преку својата крв ќе ја пренесат нивната крв, или пак тоа се уметнички и научни дела – сите тие ужасно се лажат дека така си ја обезбедиле бесмртноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знај дека сето тоа е создадено во материја, и еден ден материјата ќе згасне, ќе исчезне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Климент Камилски ги следеше и другите научни дела на Андре Мазон од областа на славистиката, како на пример, Морфологијата на аспектите на рускиот глагол (1908), Граматика на чешкиот јазик (1921), Граматика на рускиот јазик (1943) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)