научен (прид.) - дисциплина (имн.)

Во 1978-та година, во краткиот додаток на собраните дела од Louvain Колоквиумот одржан 1976-та година, на тема Литературата и Преводот, Andre Lefevere предложи името Translation Studies да биде усвоено за научна дисциплина која ќе се занимава со „проблемите кои произлегоа од зголемената продукција и дескрипција на преведувањето“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И токму тоа е тематизираниот „дигитален изглед“: сите уметнички облици ќе станат, преку дигитализацијата, егзактни научни дисциплини и така нема да можеме повеќе да ги разликуваме од науката. 114 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Развојот на Translation Studies како научна дисциплина би требало на некој начин да го подигне нивото на дискусиите за преведувањето и ако воопшто постои некој критериум за проценување на преведувањето, тој да биде етаблиран внатре во самата дисциплина, а не однадвор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)