научен (прид.) - игра (имн.)

Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)