начичкан (прид.) - со (предл.)

Песната „Две тишини“ е поетска мајсторија при која се ѕидало со прости тули, а се добила невидена палата, или, поинаку речено, делничните зборови се изложени на толку необично и несекојдневно (ретко!) сонце што фрлаат сенки начичкани со недобројни значења.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тргнува кон мене деверот со карта вино, со јаболко начичкано со пари, со капа на глава, а главата без лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ископавме, закопавме. Вистина по темница, ама ноќта ведра, начичкана со ѕвезди, се гледа, се работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)