наш (прид.) - врсник (имн.)

И кога се враќавме испотени и истоштени, пред портите од бодликава жица нѐ пречекуваа наши врсници со нарамени пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такво беше нашето време, времето во кое израснавме, а Сара, Клара и јас знаевме многу повеќе од повеќето наши врснички – понекогаш ѕирнувавме во некои од медицинските книги на таткото на Сара, понекогаш ќе наслушневме нешто во салонот на Берта, понекогаш Клара ни пренесуваше нешто што ќе дознаеше од Густав, или од жените на кои им помагаше да се снајдат во животните невољи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во населбата на крајот од градот најдовме наши врсници од нашите краишта, мислам од егејска Македонија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)