наш (прид.) - мозок (имн.)

Преживувањето на човековите суштества со стотици милиони години било зависно само од спо­собноста за гледање и движење во физичкиот свет, и во таа натпреварувачка ситуа­ција голем дел од нашиот мозок ефикасно се организирал за извршување на таа задача.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи дури и на ова базично ниво - нашето знаење за структурата на нашето тело - нашиот мозок е одговорен за конструирање на таа реалност за нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој како да забораваше и на специјалните директиви што ги имаше за темелно „перење на нашите мозоци“, посебно на непокорните сонародници, меѓу кои јас, емигрантот од бегалско семејство, прв на нишан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За 24 долари би го изнајмиле нашиот мозок.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Психоделиците нѐ научија дека е можно нашиот мозок да се “однесе горе” и да се истражи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеме способноста на употреба на нашиот мозок да ја дадеме под наем.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По Маргина 37 27 холограмскиот модел, реалноста ум- мозок е подрачје на фрекфенции, а нашиот мозок е енкодер (или декодер?) којшто тие фрекфенции ги претвора во она што го гледаме како појавен свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа се конституира фантастичната сложеност на нашиот ум и се создаваат идеи за светот околу нас.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
КИБЕРРЕЛИГИЈА НА БЕБИ- БУМЕРИТЕ До 2000-та година преокупациите на беби-бум генерацијата ќе бидат дигитални или (ако ги употребиме старите парадигми) филозофско-спиритуални...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)