наш (прид.) - павилјон (имн.)

Ако најнапред не сте го посетиле нашиот павилјон, или оние големи, доминантните павилјони на САД, на СССР и на Франција, а сте биле во павилјоните на Чехословачка, Швајцарија, Бразилија и слични на нив, а потоа сте заминале во југословенскиот, чувствувате две различни концепции во истапувањата на Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Луѓето во нашиот павилјон многу се пресретливи, и од нив и со нив веднаш овде ќе се почувствува југословенското гостопримство какво што овде инаку, ретко се среќава...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А кај нас, во нашиот павилјон, не може да се купи дури и кутија цигари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По архитектонското решение, нашиот павилјон зазема челно место на ЕКСПО и затоа тој веќе нема јавно признание од најповиканите експерти во Брисел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)