наш (прид.) - партизан (имн.)

Неколку младинци го беа заобиколиле еден наш партизан и го кореа: - Во Црвена вода се дале пет песнарици, a нас само една.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Четириесет и шестата почнаа да се полнат планиниве и шумиве со наши партизани.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прво тргнавме право на кај Маркова Нога. Границата е близу и мислевме дека брзо ќе ја преминеме и кога стигнавме до црквата Свети Јован, патот ни го заградија наши партизани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука, во текот на граѓанската војна илјадници наши партизани ги лекуваа раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој од селаните излезе напред и почна да им вели и да ги моли дека тука посигурен ни е спасот и дека во Долно Дупени, Љубојно и Брајчино си имаме роднини и кај нив ќе си останеме додека помине лошото и потоа ќе си се вратиме дома. – Не! – рекоа нашите партизани и ги вперија цевките кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)