наш (прид.) - порта (имн.)

Се сеќавам покрај нашата порта кога врвеа стадата големи, цело време ќе ги гледавме и им се восхитувавме на тие луѓе кои беа толку вредни, а особено на оние Каракачани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вечерта, кога говедарот го дотера во селото добитокот од пасење, пред нашата порта се собраа говедата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го заборави и патот покрај нашата порта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако некој поткажал, сигурно не ќе доцнат да тропнат и на нашата порта, на портите од сите куќи на маалото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така, по онаа јуначка смрт што се беше случила одамна, братучедот Благоја жив и здрав затропа на нашата порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)