наш (прид.) - продавница (имн.)

- Добар ден, - реков, како што нè учеа во забавиште, - имате ли леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓутоа, ниеднаш не се сопнав и продолжив да трчам накај нашата продавница.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас сум тој Игбал, Кашмирецот. Од нашата продавница твоите родители го купија килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)