наш (прид.) - работник (имн.)

Нашите работници со шлемови на главите, во сини рботнички блузи, беа распрскани по објектот. ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во предградието Сурен во Париз се сретнав со еден наш работник од Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што сакат овој наш работник? — Што има бре јунак, што се караш со гавазот мој? — му се обрна на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ај ми со здравје и носи му здраво живо на мудурот да си и бере парталите, оти ошче еднаш ако ми падне в раце нема да му a остава кожата здрава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но сепак, и покрај сите перипетии, како што наведува уредникот на оваа студија – нашите работници знаеле да се одважат, да кренат глава и да организираат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве како костурскиот делегат Васил Чакаларов, кој ни остави драгоцени податоци за работата на Конгресот, го опишал приемот на веста за атентатите и реагирањето на првиот човек на Битолската организација Даме Груев: „Од Битола пристигна писмо од Лука Џеров во кое пишуваше: ’Во Солун Отоманската банка е фрлена во воздух со динамит, низ градот се фрлени бомби... еден француски пароброд е потопен, пак од наши работници. Иницијаторот е фатен...’ тоа нè изненади.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)