наш (прид.) - род (имн.)

Додека не сфатив дека работата не е во слушањето Ами во пренесувањето на туѓите муабети во надлежните служби А мене тоа ниту ми паднало ниту ќе ми падне на ум Што чув не чув што видов не видов Ако некој баш запне да се интересира Може само да му додадам дека тој за кого прашува Тукушто помина оттука и воопшто не го видов и точка Така било така и ќе биде до последната коала Оти во нашиот род никогаш немало и нема ни да има кодоши Објективните биолошки околности се такви
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И му рече дека стравува дека токму таа одмазда, во вид на слабоумност виси како сечило над нашиот род, над царството наше и нашето општество, па затоа и логотетот сакаше да знае: што се крие зад тајниот запис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За него „ако писателите им ја препуштат задачата на политичарите да создаваат слика за светот, тоа би било најболната абдикација во историјата на нашиот род“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)