наш (прид.) - средина (имн.)

Нетранспарентноста веројатно е еден од поважните македонски проблеми, иако веројатно дека тој отров (стравот од сопствено мислење) се наоѓа многу подлабоко во менталитетот на нашата средина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас, кажувајќи ви ги двете вистински случки со корите од банана, сакав пред сè да ја осудам нашата негрижа, нашиот примитивен однос кон мојата и твојата улица, кон мојот и твојот град, кон нашата средина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Електронските медиуми навлегоа длабоко и неотповикливо во нашата средина, создавајќи канали и циркулирајќи низ нив.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)