наш (прид.) - вистински (прид.)

Има разни ресторани: кинески, француски, постои ресторан што го носи името Белград и во него се подготвува наша вистинска скара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски зачудено го погледна Татко, не сакаше да им верува на неговите зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој набргу ги сподели своите нови дилеми, откако Камилски ги изнесе резултатите од својот последен извештај: Колку и да работиме, внесено и вредно, ние тешко ќе стигнеме до нашата вистинска цел: да минеме низ јазичното чистилиште на сите турцизми во балканските јазици и да ја утврдиме листата на стоте (без)опасни зборови?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ели се помалку ќе се сеќава на мама, нашата вистинска мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа можеби ќе ја соблечеме сета наша вистинска облека.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова не е само признание туку и покана за да дојдете во нашата вистинска Палестина... Можеби еден ден...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие никогаш нема да ве заборават, ниту вашата земја, ниту вас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поинаку трепери пламенот на нашата вистинска надеж.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
A Year from Monday, 50-51. konverzacija bez feldman Разговор помеѓу Џон Кејџ и Гофри Бернард “Наша вистинска работа сега, ако го сакаме човештвото и светот во кој живееме, е РЕВОЛУЦИЈАТА” ( Џон Кејџ) Г. Бернард: Во предговорот за “A year from a monday” (Година од понеделник) - тоа е некаде околу 1965 - вие велите дека се помалку се интересирате за музиката, а сѐ повеќе за општествените проблеми и анархијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зависно од нашата вистинска верба во животот – објаснуваше старецот. – Набљудувај ги оние тополи!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, сепак, за нас, помалите деца, се случи најзначајниот историски настан по ослободувањето од Сталин, се случи нашата вистинска победа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)