наш (прид.) - животен (прид.)

И ден денес, особено во нашава животна средина, политичарите боледуваат од синдромот на француските политичари во времето на Ками.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се пожали писателот дека во нашава животна средина скоро сите чинители на духовните добра можат да вадат парче леб од својата дарба, само писателот не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не би било лошо кога нивните принципи би ги уважиле сите оние што ја чинат нашата животна заедница.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)