наш (прид.) - изгубен (прид.)

А, колку посакувавме да останеме со татковиот побратим, кој со јагулата и пастрмката ја донесе и сета наша изгубена историја, нашето изгубено време од стариот крај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во нив почива времето, нашето изгубено време сочувано зачувано во зборовите на нашите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден ден да ја откриеме нашата изгубена семејна Атлантида.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Човекот, сите ние, сме во вечна потрага по нашата изгубена половинка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И каков избор имам пред смрта, да го кажам тоа што толку долго чекаше да излезе од мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)