наш (прид.) - основен (прид.)

Навистина, нашето основно обележје како вид, хомо сапиенс, е мислењето; ние сме животни што мислат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но „културата“ останува нашиот основен поим за опфаќање на врската помеѓу облиците и општествените процеси; таа не е толку точна ознака колку што е чувар на местото за некоја поопшта и попрецизна категорија што ќе го артикулура формалното со општественото, за која не постои име – иако „жанр“ се доближува, барем на молекуларно ниво.156 Ако продолжам тука да се повикувам на „културата“, тоа е затоа што ја сфаќам на овој категорички начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, добри мои, толку сакав да ви речам за лебот, за нашата основна, незаменлива храна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако нашата генетска функција е да мислиме (computare) произлегува дека вековите и степените на човечката историја, досега, биле стадиуми на ларва или подготвителни стадиуми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)