наш (прид.) - прв (прид.)

Џерард и јас отидовме во кафетеријата Метро на една од оние книжевни вечери во среда, каде еден писател со име Рони Тавел читаше делови од својот роман и уште неколку песни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Моите пријатели навраќаа до мене и се врткаа пред камерата и беа ѕвезди на попладневното снимање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На самиот крај од 64. го направивме Харлот, и нашиот прв звучен филм - Empire, осумчасовната снимка на Empire State Building; тоа беше нашиот прв звучен филм без тон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи ова беше наш прв контакт, ќе го задржиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Та нели е тоа показ дека нашиот прв човек е човекот без сенка, одбраниот од Лукавиот, зашто и самиот е лукав, темен и подземен?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ова ќе биде нашата прва сопствена куќа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оттогаш, таа си остана во чеизот, за нашата прва невеста, ако даде бог да ја дочекаме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)