наш (прид.) - убав (прид.)

Како да ми беше многу јасно дека тука некаде се ближи крајот на нашето убаво дружење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Врати се, мора да го обновиме нашето убаво засолниште, нашиот заеднички кревет кој веќе не е ниту испотен, ниту жежок, ниту буден, ниту гласен (затоа ли не се крши).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Останавме два дена. Сѐ беше толку чудно и тивко во нашата убава викендичка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Друго“, рече, „ние таму многупати зборуваме како да се направи и што да се направи, Маказар да се прогласи за туристичко место, за здраво место, та тука лете да идат првин децата на нашите и, во една школа, да го учат нашиот убав јазик“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, имав и друг ангажман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас заради вистината, проклет да бидам, заради вистината, - ќе почнам од почетокот како што е по ред, како што господ го создал нашиот убав свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да го средиме нашиот убав дом, - рече другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Другар ми шепоти пак познати имиња и едно мало градче провинциско. Таго наша убава.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)