најблизок (прид.) - во (предл.)

Дали и таа се замислуваше како дел од семејството во кое требаше да се врати, да го надополни солидаризирана со моето чувство на потрага, на трагање по некогашната семејна полнота?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зад темнината ги видовме браќата како прават плетенки од зборови и им објаснуваат на учениците како еден обичен словенски смртник може најбрзо да се искачи до зборот од зборот во најблискиот сон и од најблискиот во најдалечниот сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога се губат најблиските во такво семејство, останува да се трага по неговите тајни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ренџов тоа го дополнува со сликите на она што му е најблиско во ликовната уметност, со остатоците на фреските, со визиите на Бош или на Владо Георгиевски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)