најголем (прид.) - горештина (имн.)

Веќе ни беше навика токму во тоа одредено време кога беше и најголемата горештина да ја слушаме големата кутија која зборуваше за големите и тешки, но победоносни битки што се водеа на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури и по најголемите горештини одеа во кожени палта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А утредента, уште рано, си ги спакуваа торбите, но фатија автобус дури на пладне, по најголемата горештина и стасаа дома приквечер, кога потта им ја затна и последната пора од испраната снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури и по најголемите горештини одеа во кожени палта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)