најголем (прид.) - мера (имн.)

Овде, во најголема мера ќе владее религиската и меѓуетничката толеранција, а ќе бидат поттикнувани и слободните филозофски расправи, изградбата на библиотеки, факултети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека во тоа време Париз и Лондон биле мали, неразвиени градови, Кордоба имала околу сто илјади жители и библиотека со околу половина милион книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заканите делумно ќе бидат остварени тие денови, а во најголема мера во време на Илинденското востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Враќање кое, се разбира, може да биде само симболичко, митско во најголема мера.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Иако, неспорно е, многу се сменило, геј- и протогеј-децата, во најголема мера, сѐ уште растат во хетеросексуални семејства и домаќинства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најголема мера, отворените геј-мјузикли се помалку „геј“, во секоја смисла на зборот, отколку нивните бродвејски претходници од плакарот...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)