најголем (прид.) - парадокс (имн.)

Под знакот на парадоксот појдов во дипломатијата, под знакот на парадоксите се враќав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но најмалку можеше да верува, колку и да беше силно спротивното, дека ќе му се случи најголемиот парадокс во животот: социјалистичкиот Суд да му овозможи да трага по отоманските кадиски записи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најголемиот парадокс беше што на крајот од својата мисија ја губев земјата којашто ја претставував!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)