најголем (прид.) - подем (имн.)

Употребата на чистата воена сила, кастрирана од својот прв идентитет, односно јаничаризмот, кој најсилни облици доби при големите завојувачки походи и најголемиот подем на Отоманската империја, имаше своја автохтона провиниенција во претходните империи кои господареа со Балканскиот Полуостров.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа беше времето на владеењето на султаните Мурат Втори и на неговиот син Мехмед Втори Фатих, времето на најголемиот подем на Отоманската Империја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оваа книга е многу значајна за да се разбере најголемиот подем и падот на Османската Империја, предизвикани од сјајот и бедата на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)