најголем (прид.) - реноме (имн.)

Ги читаше и проучуваше делата на Авицена, односно Ибн Сина, роден во 980 година, во Бухара, голема фигура на универзалната мисла и лекар со најголемо реноме во своето време и делата за Авероес, односно Ибн Рашид, роден во Кордоба во 1126 и починат во прогонство во Маракеш во 1198, познат како андалузиско-арапски поет, филозоф и физичар, основач на филозофската школа авероизам, се обидувал да ја обедини филозофијата на Аристотел со исламот, застапувајќи ја тезата дека не постои никаков конфликт помеѓу филозофијата и религијата, туку само различни начини да се дојде до вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со толкувањето на корпусот текстови на Аристотел, Авероес ќе ги најави европските ренесансни процеси, додека андалузискиот период на исламската цивилизација повеќе од осум века не престанува да зрачи со својата митска меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)