најдобар (прид.) - вол (имн.)

Сега оти се направи еден ќедер на асќерот, се направи тој е намегдан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа Трајко добро го знаеше уште кога најдобар вол и коњ се продаваа по две три лири, но од друга страна се ослободи дека со пари ќе ја спаси и својата и главите на сите затворени селани, та затоа стана од столот и му се приближи на Арслана како на свој стар пријател што и овој за таков му се претстави, барем со збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сто аспри за најдобар вол, педесет – за крава, триесет за магаре бараа стопаните, но ни толку немаше кој да даде, бидејќи имаше многу повеќе продавачи отколку купувачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од каде толку пари кога најдобар вол, коњ, се продаваат за сто аспри и немаше кој да ги купи?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)