најдобар (прид.) - другар (имн.)

Бабата: И што му правиш на ова кутро дете!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој е сè уште малечок за да сфати дека неговата најдобра другарка е вештерка!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, машките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во него свиреше брат му на Влатко, мојот најдобар другар. Со право Влатко многу се гордееше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? — го запраша Толе Шаќира, а во себе си помисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски. * Не помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи, така. Тоа беше неговиот најдобар другар, со кој седеа заедно во иста клупа низ сите класови на гимназијата, си одеа дома еден со друг и пишуваа заедно домашни задачи, со кој си ги делеа подеднакво и книгите, и симпатиите и идеалите, како да беа побратими со измешана крв од жилите на зглобовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас веќе го спомнав Земанек, тоа покорно добиче, кого многу го сакав и кој ми беше најдобриот другар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сигурен сум дека знаеше, оти нејзините најдобри другарки доаѓаа да нѐ гледаат, а таа не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За таа Сарафова постапка, како и за тоа што не поттикнуваше во започнатото дело, тој беше боготворен од нас и нашиот најдобар другар и раководител во знак на благодарност и признание... реши да му ја врати добиената помош и да му плати за 1.000 кг динамит203.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така го викале затоа што тврдел дека е делумно Индијанец.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џони Мохак се обидел да скокне во возот и паднал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговиот најдобар другар се обидел да скокне на некој воз. Џони Мохак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А јас негова најдобра другарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ептен дека си ти, инаку ќе одев со автобус. Најдобри другари ми се пензионерите“. Мојот другар Баци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веднаш се бараше варијанта оправдање, во форма на најдобриот другар на сите средношколци, познат како медицинска белешка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Згора на тоа во таа глупава војна би ја загубила својата најдобра другарка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беа наменети за девојчето што го сметав за најдобра другарка и до крајот на училиштето ја споделував клупата со неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Еднаш се степа и со својот најдобар другар Којо Пипиле заради неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше скромен и карактерен. Ѝ посака на својата најдобра другарка успешен брак, среќа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Еда тој му стана најдобриот другар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако заврши состанокот на кој Николина Кралева се обиде да ме оцрни, нејзината неразделна другарка Соња Пазарџиева ме уверуваше речиси час и половина дека погрешо сум го протолкувал настапот на нејзината најдобра другарка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Под оној кош се степав со најдобриот другар.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само на мојот најдобар другар, Томе, му ја раскажав случката.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа вечер се чувствував така како да сум изгубил најдобар другар...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дури повеќе и од Нено, мојот најдобар другар од градинката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Баба Стеве, дедо Пере, прв братучед на дедо ми (кој го смета за роден брат) и дедо Цунда, најдобриот другар на дедо, беа најтажните луѓе таа вечер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Заедно одевме на училиште, седевме во иста клупа и живеевме во иста зграда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го премолчав и сопствениот заклучок до кој скоро самата дојдов: дека меѓу најдобрите другари, ако се девојче и момче, изгледа не е можно по извесно време да не се роди љубов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа внимателно ме слушаше, ме потпрашуваше одвреме-навреме по нешто, се интересираше за некои – мене ми се чинеа неважни детали.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се причини дека моето прашање малку ја зачуди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Игбал сфати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, реков: - Тоа е друго, ти си ми мајка, а на мајките сè се кажува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си префрлав себеси: каква најдобра другарка сум ѝ јас на Ивана кога од неа сум ја скрила мојата најважна тајна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, ти не си ми најдобра другарка, ти си ми мајка, а тоа е различно, си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ива е мојата најдобра другарка и се отсели од Скопје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нели се вели дека не постојат тајни меѓу најверните другари и дека со нив се дели и добро и зло?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Замина да живее во Алма Ата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ивана е мојата најдобра другарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти реков, таа е мојата најдобра другарка и ми беше многу тешко што си замина, - почувствував дека пак се правдам, како да треба да му се извинувам што така се случувало.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си чуваш ли за себе некоја своја тајна или, штом се има најдобар другар, од него ништо не треба да се крие?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)