најдобар (прид.) - можен (прид.)

Го споделуваа семејното бреме на најдобар можен начин.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како некогашен сорбонски дипломец, одличен познавач на францускиот, шпанскиот и другите романски јазици, тој, всушност, не се прокламираше како застапник на чистењето од опасните турцизми, туку едноставно бараше патишта како да се обезбеди иднината на потомците, како да се обезбеди најдобриот можен систем на нивното воспитување, да се формираат нивните карактери во неизвесните и секогаш променливи балкански времиња, како да живеат со јасен и здрав јазик, без нагризувачки примеси од минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А ние? Со нас сѐ беше во најдобар можен ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Посакуваме да комуницираме вербално и бараме најдобар можен начин за да го сториме тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Искористи ги моментите на инспирација на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Овде Бах си игра со зборот „канонична“, со оглед на тоа што овој збор значи не само „кој што содржи канони“ туку и „на најдобар можен начин“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ама си се заплеткал, за Твоја голема среќа, на најдобар можен начин!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата балканска сага се збогати за едно важно и неочекувано искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, овој систем на грижа за пациентите со душевни болести е најдобриот можен начин.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не. Слободата е првиот услов за каква и да е грижа за некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)