најубав (прид.) - облека (имн.)

Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За одење во кино, ден којшто сите со нетрпение го очекувавме, ја облекувавме најубавата облека што ја имавме.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Скоро секојдневно му носеше најубава облека, играчки. Разни готови јадења за неа и за Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)