невесел (прид.) - палјачо (имн.)

Добра ноќ и вам кои не сте на број, вам благи, бели жени, бели болки, срни, вам - преселни птици со меки топли крилја, бели жени, вам - две таги со зелени очи, некогаш полни со цвет на маслинка, со илјада сонца, добра ноќ - проклета пијаницо со мртви раце нејаки за нови летови, глуви за акорди, слепи за други Марии, студени за својот бол, добра ноќ, невесел палјачо со истргната нога, удирај со двата месингани таса и исполни ја празнината што остана зад нивната смеа, добра ноќ, добра пакосна ноќ, со која некој во мене ќе сонува нож, некој роден во алкохол по мојата смрт, некој на кого му е името за смеа Добра Ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто тие исекоа сѐ што сретнаа на својот пат - и нозете на невеселиот палјачо и коренот на маслинките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)